Кривично право и прекршоци

Адвокатската канцеларијаобезбедува правни услуги во сите сфери на кривичното правои врвна заштита на правата на обвинетиот.Нашите услуги се состојат во застапување на сторителите на кривични дела , квалитетна одбрана, застапување на оштетени лица од сторено кривично дело, кривични дела од организиран криминал, кривични дела од областа на сообраќајот.и друго.Воедно даваме квалитетна одбрана и во прекршочните постапки -сообраќајни прекршоци,прекршоци од областа на јавниот ред и мир и царинските прекршоци.


Граѓанско право

Адвокатската канцеларија нуди правни услуги во областа на граѓанското право и сопственоста.Сопственичките односи и права како битен сегмент од современото живеење особено успешно се уредуваат со квалитетни договори- Договор за купопродажба, договор за закуп , Договор за распределба на имот за време на живот, Договор за размена ,Предбрачни договори... со што во секој случај се елиминираат сите евентуални несогласности што би можеле да настанат помеѓу странкита, доколку се работи за неквалитетен и нестручен договор. Адвокатската канцеларија има огромно искуство во оваа сфера за што доволно говори 26 годишното работење.


Трудово право- работни односи

Адвокатската канцеларија Михајловски има постигнато големи успеси во правните услуги од областа на работните односи, како за клиенти од Република Македонија , така и за странци. За државјани на Република Македонија услугите се состојат во застапување пред судовите- дисциплински постапки, статусни спорови,надоместоци од престанок на работен однос, како и преземање административни дејствија – пријавување, одјавување на работници и сл. Особено квалитетни услуги даваме на странци во врска со работните односи- добивање дозволи за работа и вработување на странци. Во поглед на овие спорови, нудиме правни совети на странките, се со цел за запознавање на странките со законските прописи и успешноста во исходот на постапките.


Семејно право и наследно право

Адвокатската канцеларија нуди услуги на клиенти во спорови од семејното право-развод на брак,делба на имот , утврдување татковсктво и правни совети во овие постапки, како и изготвување тужби во истите. Од областа на наследното право, Адвокатската канцеларија ги прибавува потребните исправи и ја спроведува оставинската постапка пред надлежен органи воедно ги составувасите видови договори од оваа област.


Облигационо право

Адвокатската канцеларија Михајловски нуди квалитетни услуги во поглед на облигационото право, совети при составување на облигациони договори и израз на волја на две лица да биде составен во рамките на одредбите што ги предвидува Законот,со што ќе се оневозможат било какво злоупотреби.Сите видови договори се изготвуваат квалитетно и стручно во оваа канцеларија , и тоа во текот на нејзиното тридецениско работење,и многу задоволни клиенти се пријатели на истата.


Регистрација на фирми-трговско право

Адвокатската Канцеларија Михајловски поседува Лиценца за Регистрационен агент веќе неколку години а овие активности се спроведуваат во Централниот регистер на Република Македонија.


Управно право

Особено успешна дејност остваруваме во областа на управното право-сите спорови од областа на даноците,царините и денационализација се наша секојдневна активност .


Посредување при купопродажба во странство

Посебно сме фокусирани на услуги и посредување при купување недвижности во Република Бугарија и Република Грција.


Контакт инфо